чипчи несв.

чипчи (несв.)

Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас мавтам со рацете, се чипчам, ко мачка: за секое камче, за секоја сламка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и таа се смешала со луѓето. Се провира меѓу нив, се чипчи за бутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа плаче, а јас го чипчам, што се вели, не го пуштам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, ние зборуваме и се чипчиме, а стражарите нѐ туркаат. Се води прописна борба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)