црвец м.

црвец (м.)

Раскопани, буѓосани со обрачи 'ргосани, по темни изби мемливи ријат ги црвци смрдливи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Трајковиот дел го зеде Митра да го работи „наполу“, едно за него — едно за неа, оти тие со Стоја се поголема тајфа, та „да може да чкрипне некој и друг лакот за тие црвците децата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зел една урма - ја растворил и што да види: во урмата имало црвец.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И ние сме луѓе. И нашата желба е пробојна. - Проповед на црвците. - Исповед, будало.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И него сега почна да го копка црвецот на сомневањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И Скрче уште од зори шеташе од другата страна на брегот. И него го зајаде црвецот од она што го чу од Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Црвец лази во јалова вода, небото лигаво залепено за непцата, ни ваму, ни таму.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кон него веќе ројот од бубачки ита мравката тревата ја напушта црвецот кората и пчелата веќе кружи над пролетното чудо.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Легнувам, а мислам дека не сум легнала, дека сум се свиткала некаде високо над рогузината, над ложникот. Како црвец во кожурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седиме тука, се тутулиме. Се собираме ко црвец во дрво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми иди и низ баџа или од некое дупче на ѕидот да влезам, вели, како црвец како црвотечина, вели Мирче. 44
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Очигледно таа не беше премногу израдувана, нешто како да ја гризеше црвец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние сме сега ништо: мувосерка, црвец, нула.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го требат скапаното: ќе го одделат црвецот од шупливото, ќе го позабришат плодот, и така ќе го лажат мевот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си работел црвецот во коската и потече црвотечината, нишестето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Каде ли заскитало тоа детиште, како да има уште црвци во газот”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рибино око немам око да те видам имам да те гледам на свој начин, во свое време никогаш да не ти се нагледам од овие сфери, од овие длабини да те изобличам да те преобразам на очите да не си веруваш така исто сум гледала и молчела молчела, значи гледала пред да ме крстиш риба псариа, fish, poisson, пред да ми ја откриеш смислата и од мене да направиш соѕвездие, знак, уметничко дело пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец а од мене добар пазар, специјалитети пред да ми ги дознаеш употребните вредности - мои и на моето око, метафизиката пред да измислиш мамки, глисти, црвци јадици, со еден збор јас се фаќам за јадицата а моето око сѐ гледа и сѐ знае но таи и разобликува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По сѐ изгледа стануваше збор за црвец бидејќи старецот рече дека му се гади од суштества без опаш и без глава.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)