хуриет м.

хуриет (м.)

Дедо Геро го остави комитлакот дури во Хуриетот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И кога дедо Иван се подготви да го каже најинтересното, она за страдањата на неговиот дедо в затвор и за времето на Уриетот, дојде Бојан, носеше кошничка и малечко грнче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше по востанието на Крушово, во времето пред Хуриетот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)