хотел (м.)

Само, се разбира, кога имаше специјални гости земаше готвач од хотел.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На терасата од хотелот „Аурора“, некогашен дворец на некој австриски или италијански гроф, секоја вечер се танцуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Татко ви пак толку е среќен што успеа да добие апартман во најлуксузниот хотел на море.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се забележуваат големо број Грци, кои најмногу се собираат во хотелот „Балкан“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ни беше определен хотел, оддалечен четириесетина километри, во Солинген, познат центар на челичната индустрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Застанавме пред ресторанот, односно хотелот „Диас“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А ја најде во еден хотел во Александрија во кој тој работеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Штом слезе на бензинската пумпа, ѝ се изгуби од пред очите, и по некој ден се врати во хотелот во Александрија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа ноќ, бодро чекорејќи кон хотелот, надлежниот писател од престолнината чувствува дека престојот во Северните шуми добро ќе му користи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Околу него владее белиот молк. Избезумен, трча кон хотелот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ве има на улици, на телевизија, во весници, на приредби, се криете по куќи, хотели, резиденции…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Одаите ги опремил со плачки како во хотел; ги послал со ткаени ќилими.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мештаните продаваа на пазарот дрвени сувенири – делфини со младич на грбот, а истиот мотив, насликан на школки, сервис за јадење, на пепелниците и на постелнината нѐ напаѓаше од сите страни на новиот, луксузен хотел „Делфин“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Внучката радосно дотрчува и по неколку минути, држејќи се за раце, излегуваат од зградата на хотелот, и се упатуваат, под истрошеното сонце, кон колибата, полуурнатата куќарка со празни прозорци и врати на другиот крај на плажата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За пречек на Новата година Венче остана сама дома, бидејќи татко ѝ и мајка ѝ отидоа во хотел.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Едно летно попладне Џорџ и Алиса Смит излегоа од возот што пристигна во Бијариц. За само еден час претрчаа преку хотелот до плажата, влегувајќи во океанот, па излегоа да се печат на песокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одеднаш погледна кон хотелот. Да трча, да! Трчај! Што?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Попладнето Џорџ Смит излезе надвор и појде кон океанот што се брануваше со широките упадни движења на час топлите, час студени луѓе, кои при крајот, со залезот на сонцето, со телата обоени како ракови, печени гулаби и гвинејски кокошки, тргнаа тетеравејќи се кон нивните хотели во облик на свадбени торти.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во Рим, во нашиот хотел постојано стигнуваа пораки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Останувајќи без работа и стан за спиење, едно време спиеше во хотел, но му беше скапо.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК