хонорарен прид.

хонорарен (прид.)

8. ПЕСНАТА САЈБИЈА НЕМА - за народната речен е зборов, некој и лелекот од неа го зема да го вие своето хонорарно оро...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На неговите крици се надоврзуваат терапевтските телефонски шепотења на комшиката Џун, којашто на својот балкон хонорарно работи како хотлајн социјален работник за опслужување на екстремно загрозени единки на работ на депресијата.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И госпоѓа Камилска која се грижеше за семејниот буџет, го чувствуваше недостигот на дополнителните средства од хонорарната работа на својот сопруг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- 2014 (Закон за вработените во јавниот сектор) - се воведе одредба според која хонорарните работници, вработени со договор на дело или авторски договор треба да плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)