херој (м.)

Свршуваше песната... Ама опитната жена и со капењето сврши на многутажениот мртовец, херој од Река.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се носеше коњот по желба на силниот вјавач, виткав ко змија на оган; пробиваше пат, спасувајќи на херојот глава - зашто го сакаше многу.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар не ги гледаш душите на загинатите за слобода херои?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тргнете денес згрнати чисти работници - граѓани мои, рудари, огнари и машинисти, - ударници - на трудот херои!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Мојата огорченост кон некои бирократи што ме разголија како црн берзијанец пред неколку години, сега спласна како што спласна и увереноста дека сум херој за неколку капки црна крв што ја исцицаа Германците од мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако сакаш да знаеш, во сево ова има толку многу конвенционалност, што сега веќе може да возбуди само некој оперски херој како што си ти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И во тесната прозоречка рамка се згустуваат зли, презриво горди, полни со бездушна иронија очи: „Ха, тоа си ти, херој!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Те правеше херој и на земјата и под земјата, и во соништата, и во јавата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои не се херои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерта на свечениот собир глувците го прогласија Цивко за херој.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Од денес сум херој, капитен и водач на „бандата“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На перонот во Битола нè чекаа петмина другари на дедо ми: дедо Шиман, дедо Јове - Галеното, брат на загинатиот народен херој Таќи Даскалот, дедо Цане, дедо Боро и дедо Миле - Штурецот - татко на тетка Марина, пријателка и колешка - новинарка на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко му, народниот херој, во својата работна соба, опкружен со томови од сопствените мемоари, дава интервју за вечерашниот дневник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Докторката се насмевна: „Ете ти, сега и херој сака да се прави.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе