хендикеп (м.)

Оваа омеѓеност, меѓутоа, не претставува хендикеп, таа го одредува плодотворниот амбиент на силните влијанија што младиот Бредбери ги почувствувал од опусот на Едгар Алан По.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога немите луѓе зборуваат со својот телесен говор, тоа е реален говор а не хендикеп, тоа е прв говор и прво писмо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Посебно нагласува дека „длабокиот снег е хендикеп...а додека оние кои прават стази за поминување по петнаесет минути се изморени...партизаните страдаат многу, бидејќи 2/3 од бригадата е без чизми и многу без кондури или какви било чорапи. Многу умреа од смрзнатини“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со идеализам на получовек и хендикеп на кентаур ја оптегнувам Стрелата како небо како срце.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој не се потпира на својот хендикеп кога донесува одлуки, односно кога ги брани своите ставови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Само човек такво чувство ретко познава, каков хендикеп е тоа на природата, недостаток кој го имаме, сѐ уште, секојдневно, откривам и дознавам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)