фосил м.
фосилен прид.

фосил (м.)

Езерото останува гигантски музеј на нашата Европа и планета, во чии чисти води се чуваат старите живи фосили.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мноштво останале како живи фосили.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во него живеат единствените живи фосили.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ars poetica кога го опеваш не го спомнувај морето, туку кажи делфин кажи алга, кажи блуз или за морепловците, потонатите ’ртови јодот и струјата зборувај за солта, нуркачите, светилниците за галиите, фосилите, коралите за одронувањата, песокта, реумата за ритамот за матката за бродоломците за капаците на прозорците, кристалите и авантурите, морските болести и трговијата на свила и бело робје за капетаните последни што умираат за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Прибери Господе отровници змии гадости шират од устите гнили сенилни крлежи, грди фосили платени гниди од странските сили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)