формулира св. и несв.
формулирање ср.

формулира (св. и несв.)

Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најчесто употребуваниот термин во последните децении кој ја формулира оваа надеж е „критика на идеологија“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Доколку имаат намера сериозно да се позанимаваат со проблемот на наркоманијата, Соединетите Држави треба да ја надминат расправата за легализација која во прилична мера тапка во место, и да формулираат една уверлива, политички реална борба против наркоманијата, во која правосудниот систем би бил подобро насочен, иако неговата улога би била намалена. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој е веќе мртов, помисли. Му изгледаше дека дури сега, кога почна да бива способен да ги формулира своите мисли, дека го презел решавачкиот чекор. Последиците на секој чин се содржани во самиот чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од друга страна, неговите активности не се регулирани со закон, или со какво било јасно формулирано правило за однесување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа ќе значи кршење на принципот на културниот интегритет што го почитуваат сите три страни, иако никогаш не бил формулиран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таа е арената на која јавноста се организира себеси, го формулира јавното мислење и ги изразува своите интереси и желби во однос на власта.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Формулирани на ваков начин, одредбите само ја зголемија анксиозноста на кандидатите кои се пријавиле на оглас за конкретно работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од ова се гледа неможноста или, пак, незнаењето на законодавецот да формулира номотехнички издржана законска одредба, која нема да се менува и по неколку пати за време од неколку години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова, последново, пак, го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, од оваа несреќно формулирана одредба се гледа дека ингеренцијата за определување на висината на регресот се делегира на пониско ниво [со грански колективен договор], а такви во РМ се склучени многу малку.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Човекот ја произведува и покрај тоа што го знае она што го формулирал англискиот писател Киплинг: „Кога стомакот те боли не ти помага славата“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК