формула (ж.)

Тој просто сета вселена ја претвори во една логичка конструкција од апстрактни поими, категории, чијашто логичка формула на движењето значи движење на вселената.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
А што се добива кога целата вселена ќе се „одухотвори“ со формулите на логичкото движење на категориите на еден „светски разум“?
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Околу него се вртеа бавно и во круг математички формули, латински мудрости, шарени глобуси, хемиски мириси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се и сака да ме совлада со формулите на своите школски калапи, да ме натера да ја наведнам главата, да се повлечам. „Не“, рече. „Не, докторе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еве, старечкиот глас колебливо, засипнато ја пробиваше вревата, закрепнуваше и во стишувањето на салата полека ги исфрлуваше познатите формули.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Записот на последната средба на мајка ѝ на Цветаева со пијаното, не ќе имаше смисла доколку таа по еден друг повод не рече: „Песната само тогаш е убедлива кога ја проверуваме со математичка (или музичка, што е исто) формула...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Неговата формула, ќе може да ја репродуцира и обновува природата, и во услови да биде уништена...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не ретко таквите мината имаат само име на определеност и многупати повторувана формула на завет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како што пука едрото напнато од белина, така пред нејзините ширум отворени очи се развејува пената на денот, толку лесно се топи чадот од ефикасни формули за брзо заборавање...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И тие ја наследиле старата формула за делбите и владеењето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Формулата, и приказната беше готова - едноподруго.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мешавина од елиптични формули, длабоко нејасни или претерано едноставни, кои се разјаснуваат исклучиво преку набљудување спроти светлоста на париското сонце, бидејќи според мислењето на авторот, делото е ориентирано во правец исток/запад, иако може да се каже дека токму низ тој прозорец низ којшто е претставено делото, Бојс исчезнал во синилото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поучни издигнувања!... Секогаш научни!.. Тоа беше неговата апсолутна формула.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Бидејќи, барем во почетокот, во најопшта смисла, навистина станува збор токму за формули.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во него зрачат магичните лирски формули.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така дојдов до следните класификации: употреба на халуциногени растенија: постапки и формули кои се користат во магијата; стекнување и ракување со предмети кои поседуваат исклучителна моќ; употреба на лековити билки; песни и легенди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК