формација ж.

формација (ж.)

Класната формација внатре во националниот организам би значела будење на оние непомирливи спротивставености внатре неговата свест на патријархален маж- војник, коишто тој еднаш ги закрпил со „херојскиот принцип”.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Таа е дискурзивна формација во која се проектираат оние помалку цензурирани психички процеси.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секој разговор за популарната визуелна уметност, барем онаа што не е филм или спот, денес се одвива на еден лизгав терен каде што се мешаат „реалните“ дискурзивни формации на популарното со посакуваните дискурзивни формации на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моларната опседнатост Делез и Гатари ја нарекуваат параноичко-фашизирачка: „Параноикот масите ги претвора во машини, тој е вештак на големите моларни единици, статистички формации, глутнички творби, организирани масовни феномени”.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Таквата формација е потенцијален музејски уникатен примерок.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Најпосле Махмут II на 16 јуни 1808 година, по невиден масакр на јаничарите во Цариград ѝ ставил крај на оваа единствена воена формација на човештвото...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК