ферментира св. и несв.
ферментирање ср.

ферментира (св. и несв.)

Но јас и сега прашувам: од каде, по сѐ, тој агон да се бара секогаш правиот збор од каде тоа тесно грло тој застој во којшто ферментира минатото, заедно со детството и младоста и она кое следи потоа сето фрагментарно, немонтирано искуство, живот наречено?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ѝ пишував предолги писма, кои верував дека во нејзината читателска потсвест ќе ферментираат како одговори на моите дилеми во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Идеалите на оптимизмот кои најсилно ферментираат во младоста, во кревката душа која верува во сите можни апсолути, кои ги пластев учејќи ја и читајќи ја француската книжевност и филозофија низ нејзините доминантни преставници, кои во мене ја извишуваа моралистичката крива, картезијанската логика, откако го открив Сјоран започнав да се сомневам во нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во улицата Ренгенска број 92 – а Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Со приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Со приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од длабоко Дишење.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ферментира стравот, срам и проклетство ме обземаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК