федер (м.)

Како федери да исфрлија ѓавол од детска кутија - виде непознат лик и го зграпчи столот од зад себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За Шишмана не се плашеше; кога ќе му тропне третото камче тој ќе искочи како откачен од федер. Штом го чуе да падне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ЈАКОВ: Ќе пукне федерот па веќе никогаш не ќе проработи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја расчукавме, оските ги скршивме... Гледаш, овие федери ѝ беа амортизери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Tinguely впрочем обликуваше дела какви што се Подарок за New York и План за пропаста на светот, во кои раздвојуваше и конструираше машини (од часовничарски механизми, федери, погонски вериги, ламели, запчаници и други механички елементи), коишто се изложуваат самите, а при тоа произведуваат дури интересни звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)