фатен прид.
фати св.

фатен (прид.)

Многу време стојал Силјан на суво фатен на штицата и сѐ му се чинело оти се носи на море.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Токмо навреме ќе дојде, токо пари да не барате! — пак повтори Крчо и си излезе откај што влезе, испратен од Нешка, фатена рака за рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утредента, уште на осамнување, Бошко Манев веќе го имаше фатено патот кон Пелистер.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како обично, го испрати до над куќи и на разделување му повтори: - Побратиме знаеш кој пат ти е фатен?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одеше по нив до центарот на градот и кога ги виде како се згуснуваат во ќош на голема кафеана, строго фатена во линии, застана под сенка на висок леандар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаше собрани податоци за секој од обвинетите, за загинатите и за фатените.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо претпазливо ја гази сенката која не се откинува од стариот како да е фатена за неговите нозе и му пречи да зачекори пошироко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, таа не пуштала ни глас, додека ја пресегнувала кон него фатената нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога би била запната цврсто за некое неподвижно стебло, таа стапица, фатената дивинка секогаш ќе можела за сметка на својата несреќа да си ја остави само половината од својата нога меѓу острите железа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И се плашеше секој прокоба некоја да не го стемни И фатен да гледа како го спепелува месечијната И во смил како го престорува: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво, Се на смил и на гороцвет што личи – ќе управува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влегува Мира облечена во бела детска униформа, бели чорапи и сандали. Косата фатена во кок.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Над платното лежи твојата рака фатена во градината на боите. Ти ми го понесуваш со себе убавото зајдисонце оставајќи ме на брегот по кој паѓа темнината како црни саѓи по белите постели.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тоа се случи и во една од стоковните куќи на „Призуник“ на „Пагал“, каде што една од сомнителните жени беше фатена во кражба по штандовите при обидот да избега.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што ќе правиш: женска сила за на носила. Фатен си, сакат си, нема бегање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А крмакот кус и фатен во вратот, велеше, не може да се исправи, да ја досегне, велеше, туку само ќе грофта околу буката, ќе тупа со нозете и под него ќе татни земјата, планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Останавме. Сега што да правиме? Не се седи така, ко фатен во рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само за миг, обликот ми заличува на заробен човек, обвиен со мека но непропустлива чаура, како инсект фатен во плунката на паукот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе