управувач м.
управувачки прид.

управувач (м.)

Управувачот беше сиот негов живот додека нѐ дотркала до Берлин, и назад до Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Зарем не сте чуле?“ одговори момчето свртувајќи се, држејќи го со едната рака управувачот, накривувајќи се напред.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во таа светлина, разликата меѓу грчкиот збор „пилот” и романскиот превод „governor” (управувач) станува исклучително важна семантичка манипулација.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или зошто служи ова овде“, го држеше далечинскиот управувач што некако го беше зела од Луис.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Колумбо, од друга страна, бил мошне неуспешен управувач со откриените колонии.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во својство на управувач, членот на Внатрешната партија често треба да знае дека ова или она парче информација е невистинито и може често да биде свесен дека целата војна е лажна и дека или не се води, или се води за сосем други цели од прокламираните: но таквото знаење лесно се неутрализира со техниката на двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од гледна точка на нашите сегашни управувачи, според тоа, единствените вистински опасности лежат во евентуалното отцепување на некоја нова група на способни, несоодветно вработени и жедни за власт луѓе и од појавата на либерализам и скептицизам во нивните сопствени редови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Евреи, Црнци, Јужноамериканци од чисто индијанско потекло можат да се сретнат во највисоките рангови на Партијата, а управувачите на секој регион секогаш потекнуваат од населението на тој регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не видов кој го турна, но управувачот ми испадна од рацете, и батериите тропотно се распрснаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
10. Се фатив себеси како посегам кон управувачот. Всушност, замавнував кон бучната кутија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ладен и прецизен поглед на магнетизирано ги привлече фамозните батерии: првин едната, потем втората на сосема различен крај врз купот неуреднина, заедно со расклопениот управувач.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Го притиснав црвеното копче на далечинскиот управувач и се оддалечив од дома.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)