ужасне св.

ужасне (св.)

Темнината го ужаснуваше. Мокреше в кревет.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Само виделе при светлоста на огновите некаква крвава крпа од месо и кожа во коњската челуст и го виделе офицерот како се зграпчува за лице сличен на гробник со два профича и се стрчнале обезглавени и ужаснати да се одмаздуваат со истрели и со сабји дури кога Лебед од скок, како да се лизга по невидлив мраз, се изгубил, ги оставил неми и бавни во движењето и му се вратил на овој мрак од кој дошол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа го ужаснуваше повеќе од сѐ... Ја кршеше машината...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таквите работи, изгледа, не ја ужаснуваа: не го чувствуваше амбисот што се отвораше под нозете при помислата дека лагите стануваат вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ужаснуваше не тоа што ќе те убијат затоа што мислиш поинаку, туку тоа што тие се можеби во право.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега беше добро што барем за извесно време заборавив на бунарот, на сувото и мрачно дно што ме ужаснуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се средив во бањата, со надеж дека ако повторно го видам барем нема да се ужасне од мене со бушавата коса и крвта околу горната усна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И очите ми се вкрстуваат со истиот ужаснат поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се ужаснуваше при самото споменување на зборот гроб, смрт, болест.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)