тутунски прид.

тутунски (прид.)

- Смешно, рече некој што беше одделен од мене со леко подвижен превез на тутунски чад. - Таа енигматизирана филозофија е обична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не тутунскиот чад и не злото крцкање на столовите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од другата страна на улицата беше широката порта на тутунската фабрика.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овде се изградено големи оловно-цинкови заводи и уште низа помали фабрики; тој е центар на текстилната и тутунската индустрија. секоја година Пловдив расте и во широчина и во височина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зад нив други двајца пеат нескладно., главите им се во распливнати облаци од тутунски чад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Скришно си пуши жената, па има фрка да не ѝ стегнеме тужба поради тутунскиот чад што продира во нашата дневна соба...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Грчка Македонија е најбогата од грчките провинции и е од голема важност за Грција поради нејзините жита, пасишта, тутунска индустрија, сè уште целосно неискористените минерални ресурси и нејзиното цврсто селско население".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)