туршија ж.

туршија (ж.)

А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КАТА: (влегува со чинија туршија пиперки и го става на огништето.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Маро мор, немаш некое пиперче туршија за мезе?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За да не се расипе „војничката туршија“, зачестија доста казни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Жените домаќинки, со засукани ракави ја готвеа зимницата; ги полнеа качињата со домати и пиперки, за да имаат преку зимата тазе туршија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Касарнската дисциплина беше попуштила, исто онака како што попуштаат обрачите на бочва од туршија, кога ќе стои на сонце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мустаќот на триста метри му мирисаше на расол, му пожолте како стара туршија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пред да се стемни, баба ми ѝ рече на мама да извади туршија додека се гледа, а дедо ми притури ракија од бинлакот под тремот во шишето иако тоа беше речиси полно до половината.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Впрочем мајките и бабите за нас децата секогаш имаа уште по нешто што беше само за нас: дивјачки, горници, грозје, туршија а и јаболче понекогаш. Убаво беше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Знам едни други луѓе кои неодамна за Турција однесоа еден огромен камен од десетина кила, за туршија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Келнерот донесе и мезе, туршија од минатата година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Авторот ги пренесе во својот бележник уште следните записи на таткото Панда Бранов: во малото каче за пиперки туршија фрламе една ока сол а во поголемата три кгр сол и така туршијата е точно солена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ставаше во голема каца зелка, зелка што алтан не ѝ беше рамен, а во земјени ќупчиња и разни туршии и речели, направени со тикви, шира, дуњи и мушмули, а од свинското што не смееше да се продава по касапниците, зашто и касапите беа само Турци, Тодора нареди да се направат пастрма и суџуци, та кога скришум ги направија со неговите три жени, скришум и ги пренесоа есента со товарни добичиња од селото в град.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На ѕидовите, освен на оној крај, каде што беа сместени бурињата, имаше полици на кои беа сместени тегли со храна од сите големини и видови, стаклени тегли со џемови од по шест унци, па до тегли со туршија од по два галона, затворени со онаа жолта хартија со форма на рог, за која Даниел ја имаше предупредено мајка си.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Влези и разгледај ја визбата. Токму овде мајка ми ги пере алиштата, ја подготвува туршијата и ги прави колбасите...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Исчистени, одбрани парчиња лето ставаме во туршија, витамински додаток во зимската чинија подгреан оптимизам.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тоа што ѝ недостигаше го купуваше на блискиот зелен пазар, а вишокот зарзават од градината им го даваше на блиските соседи со кои на есен подготвуваше туршија и друга зимница за зимскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)