труби (несв.)

Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Благите налети на југовината ги пробиваа патиштата низ негостоприемчивата долина и веќе почнуваа да трубат во крошните на дрвјата, од кои беше испаѓан сиот окит и тие стоеја мирни од двете страни на долината, црни и покиснати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Утре ќе ја донесам мојата труба, па кога ќе поминуваат возовите ќе трубиме, нели? - Ќе трубиме, - се согласи човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Апокалиптичарите“ што трубат за смртта на уметноста воопшто не ме вознемируваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега најбитно е да се задоволат моменталните желби на оние што ја читаат приказнава: што се носи белиот светски патник Дедо Мраз за чие приближување до човековиот свет не трубат само немите и неродените.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
При тоа труби, со познатиот звук на блех-оркестрите: „Единство”, „Слога”, бидејќи „Сите сме исти”; и ефикасно натурајќи само едно мерило владее со целиот регион на словенското суштество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оддалеку веќе се слушаше доаѓањето на возот, кој трубеше речиси постојано и јуреше, како и секој експрес; јас стоев на пругата и почнав да врескам: „Слегувај, Лудвик! Слегувај, за име Божје!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Така ти се чини“, вели. „Сѐ додека трубат трубите, војните ќе бидат овде, покрај нас, спремни да се огласат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кажи ми ти кај кој ангел сме, која труба ни труби сега? - Јас велам петтата, - одговара Соколе. - Петтата, шипинки!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Има право Боце кога вели дека седмиот ангел труби, самиот тоа го чувствуваше, но зошто нејќеше да ѝ погледа на вистината в очи - од некаква жалост, не за себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зад нас се залепи автобус и труби та труби. Изгледа му се брза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- О, тето! Токму тоа ме збунува. Токму тоа ми го труби со секое слушање и гледање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
-Така беше и кај нас – пак тивко дофрли Зоја. – Само за него се пееше, за него трубеше трубата и удираше барабанчето и на сабајле и на пладне и на зајдисонце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)