трафика ж.

трафика (ж.)

Да живеам обично како секој човек: да врзувам кравата пред огледало, да барам ситни пари по џебовите пред трафики, да слушам возови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе ги подадеме главите како продавачката под белиот тенекиен покрив од трафиката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Купив цигари на првата трафика и се упатив кон корзото, во центарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога си отидоа Србите, а дојдоа Бугарите, Курназ не само што ја преименува трафиката во бутка, ами пак извади од дрвената нога друго пусулче, во кое сѐ пишуваше исто како во првото, само што место зборот „српско” стоеше „бугарско” а напати и „оплченско”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А стариот Курназ, кој продаваше купечки цигари а и качак под тезгата, како и по некој весник, ама владин а никако опозиционен, ја држеше трафиката благодарение на ногата што ја немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега Курназ немаше ни трафика ни бутка, туку киоск; и продаваше не само цигари и весници, кибрити и свеќи, коверти со марки и табаци за молби, ами и лижавчиња на дрвца, гумени бонбони и гумички за бришење на мастилави моливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Продавачот во трафика одвреме-навреме ќе тргне настрана неколку броја на Теа-Модерна со поклон ЦД.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Самиот си се виде како носи цела кутија цигари во џебот на кошулата, или во џебот на палтото, и како постојано има кибрит за себе, и како застанува во трафиките за да си купи кутија цигари.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не можеше да ѝ се изнагледа на трафиката во која се продаваа толку многу запалки, начичкани една до друга.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
По неговата смрт дојде до смена на власта, па снимките од камерата поставена на глуждот на Ирис се продаваа во секоја трафика, како доказ за гнасотиите на претходниот режим.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во Лерин запознав еден постар господин кој продаваше весници и цигари во трафика.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да опљачкаш трафика ќе скапеш 20 години робија, а да опљачкаш држава ќе те наградат и у парламент ќе те пикнат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Патот од центарот на Лерин до периферијата, каде што живеат нашите роднини, тогаш минуваше покрај една трафика со разно-разни дребулии.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие излегуваа од своите домови со паѓањето на првиот мрак и се се движеа бавно крај полуосветлените излози, се врткаа околу пластичните трафики во центарот на Метрополата, повремено можеа да се сретнат во слаткарницата „Крем“ или во винаријата „Бахус Мак“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Табакера си купив од трафика; додуша не е златна, но навистина го правам ритуалот со редењето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)