трае (несв.)

Не ќе примнам друг в постела, и колку да е убав, сѐ дури трае мојот час. Со плач ќе те смилостувам...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- „Можам, Силјане, да ти кажам како се сторило себап за да не ни траат челадта во старо време и да одиме во вашите страни да раѓаме.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
90. Мисирков зборува за „возродување”, „пробудување“, „собудување“ и сл. како процес во Македонија што поинтензивно се развивал од крајот на 80-тите години на минатиот век, но кој не само што траел, туку почнал и уште посилно да се распалува во 1903 год. особено по Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа нешто е вештачко и како такво ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
КОСТАДИН: Трај! Во домот си ми!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ете, толку години поминале, а меракот трае и тлее како запретан жар во срцето... И само пече и боли.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како смртта вечна што е така борба долго трае.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А потоа се разгледал наоколу и кога се уверил дека никој не го гледа, си рекол сам со себе си: — Трај, Трајче, не се фали многу, оти и на млади години ваков торлак си беше“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Непријателството меѓу нас двајцата уште траеше и јас се наместив како да ќе скокнам на него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вака, потсушено може да трае дури и за в година, ако не го „сомелат" пролетва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крчмарот траеше и гледаше негде крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа е економично, чевлите подолго ќе траат и ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа така траело некаде до пред Илинденското востание, кога некој калуѓер нашол скриен пергамент на кој била нацртана статуата и испишани зборовите: „На први мај првиот изгрев на сонцето - каде што паѓа сенката од мојата глава - копај и ќе најдеш големо богатство...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој гледа, слуша: срцето му се кине. Трае...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И како би можела да заборави, како да не се сеќава за сѐ кога нејзината среќа траеше толку малку.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе