ткаенина ж.

ткаенина (ж.)

Сѐ имаат во предвид Германците кои Турците ги викаа Аламани аландарка — скитница, маалуша, покуќеша што шета по куќи алипен — сакат од нога или рака, око итн. ампа — несреќа алтица — парче од ткаенина — крпара амак — будала амле — грижа аргач — ограда за овци во нива ариза — поклон армасување — годеж, посвршување девојка вдовица аро — страшило артирисува — заштедува асло — зелена нива напролет без клас во која пасат јагнињата астретен — оскуден ата — несреќа бабуа — грижи од бабата за новороденото дете басам — не признавам, одречувам тоа ти што го тврдиш баснар — човек што баи, врача бастра — болест по растенијата беане — ивтирија.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
...исток и запад сепак остануваат само поаѓање и заод а преминот потполно емотивен засолнет од броење од подоцна од порано топлината на кожата (пресвлечена во пижама спортска маица свечен костум) е тука под ткаенината каде не сум ниту добар ниту зол ниту малограѓанин ниту бунтовник единствено љубопитно тело...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
се вејат изнабесени ткаенини (шамии, убруси, коланчиња, сокајчиња, и секакви шејови);
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој им раскажуваше на козарите за особините на кашмирската коза од Монголија и од Тибет, од чии влакна настанува чудесната кашмирска ткаенина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Земи го и сонцето, рече Барбут- бег. – Ти го давам за малку месечинена ткаенина, со која ќе се покријам додека ќе спијам на своето парче ноќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, таа мрежа, ткаенина совршена е само слика на светот божји; та нели и Бог ја создал небесата налик на мрежа, и нели ѕвездите на небото мали јазли од таа мрежа се, мрежа во која сме уловени со нашите судбини неизбежни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што ткаенини изнакупив, она вермеле со црна основа, кошулата со црвен и срмен вез, ќилимите со шара долапи за големата одаја...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпосле се притаи во малата одаја, го отвори невестинскиот ковчег и од него, со ред ги извади и раздипли шамијата и кавракот, мантата и полката, долникот, бојот и пешкирот, скуталото и некои други везении и ткаенини.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И потоа одново зајачка, како бавно да раскинува стара ткаенина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој се заблагодари и со моја помош ја стави раката во ткаенината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По ѕидовите висеа ткаенини со везови од рачна изработка кои веројатно самата баба Мара ги имаше направено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пребарувам по мрак од зајдисонцето, носена од мелодијата на штурецот... во летната спарнина воздухот трепери како згужвана свилена тканина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи