тежнее несв.
тежнеење ср.

тежнее (несв.)

Не ли е играта исполнување на ритуалот што тежнее кон конечното воспоставување на целината? 68
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дишејќи го истиот воздух како и другите членови на неговото племе, раѓајќи се како било кој друг човек во еден историски и расцепкан свет, уметникот не може да тежнее кон некакво моментално пристапување кон универзалното.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Уметникот тежнее кон чудо, сликарот посакува неговите слики да излезат од платното, надвор од сликата и една пукнатина е доволна за пандемониумот да се лизне низ неа. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Традицијата секогаш тежнее кон потполна, апсолутна смисла, којашто важи од еден до следниот момент, па во вечност, кон смисла дефинитивно отелотворена во една мисла, во еден настан, кон смисла окарактеризирана со потполното насочување кон себе, без какво било залудно растурање.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Ние живееме во култура која тежнее секому од нас да му ја пренесе одговорноста за својот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Живее по навика или стекната инерција. Тежнее кон умирање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Целокупната таква политика водела кон единствен „природен“ заклучок, имено, дека тие „повторно ќе почнат да тежнеат кон предоминантно влијание на Балканот“ и дека тоа ќе се обидат да го постигнат со истите средства како и претходно, „работејќи на формирање влади кои ќе ѝ бидат потчинети на Русија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сѐ тежнее кон откривање на тоа симпатично разнолико чувство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И пак тежнеат клепките, за миг затвора очи и одеднаш си помисли дека во чистиот кревет легна сосе војничките цокули.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК