тегне несв.

тегне (несв.)

Та човек од човек да страда и тегне и бега од лулка до гроб!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Рамнодушен за сѐ околу себе, покорен и совладан, коњот тегне во својата запрега уште една судбина: бел, жолтоок пес, уличен мангуп, безопасен и зад решетки и на слобода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И мене ме тегнеа па сега ништо не ми е. На, еве колкав опаш имам!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сенките тогаш безволно се влечеа по луѓето, се тегнеа или се грчеа на калдрмата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старецот нешто претчувствуваше и ја тегнеше шијата како пророк.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нешто вика и тропа во мозокот, непрестајно го тегне неговото срце таму. Тоа е злосторникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зглобовите му се оптегнуваат и го тегнат сиот напред, го чувствува срцето како се прпелка во градите и сака да искочи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така, така, до пет часот изутрина. Иследниците веќе почнуваат да се тегнат, да се проѕеваат и по тоа знам дека почнува да се разденува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, половина будни, се тегнат, се проѕеваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се поткреваме на прсти, ги тегнеме вратовите, се поттурнуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Децата јуреа до далечниот Змејов брег и таму застанаа, четворицата, држејќи го клопчето со конец во радосните, горди прстиња, секое од нив тегнееше, управуваше и влечеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Два албатроси недалеку се тегнеа околу една стара кондура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Туку влеваат едни во други и пак се разделуваат, некои невидливи раце како да ги тегнат на разни страни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сотирчо, штотуку допаткал околу петтата, наврен во зелена фанелка и басмени пантолонки, туку се тегни лево десно и подвикнува Бате, ене вреќа! Бате, ене вреќа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, што е, тука е. Тука е. Ќе се тегне, ќе се дотегне како што напишал Севишниот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го вртев во рацете и се чудев, зашто такво писмо, без печат, со букви што светеа со чуден сјај и од кое се тегнеше конец пареа и исчезнуваше во воздухот, од кое павкаше миризба, тоа писмо како да беше дојдено од некој друг свет, од некој друг живот. Зад живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- И додека вие сте тегнеле жилави месишта и сте цвикале скиснато вино, вашите кокони во вечерни фустани ве чекале за свечен прием во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК