тегла ж.
тегли несв.

тегла (ж.)

Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така преку цел ден, така утре, задутре, цела недела... Мајка му почна да мисли нешто. Три тегли мармалад се испразнија.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мајка му го зема, и ја отвори теглата со мармаладот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас не знам да мислам. Јас сум истовремено и за и против и воздржана. (Пауза) Јас сум фетус што се прави дека е одговорен за себе. И слободно плива во тегла пред студенти по медицина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ, му реков, сѐ што ќе најдеш, а тоа остана внатре да ги празни најдените тегли со слатко.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Петнаесет танцови друштва на пчели брмчат стотици тегли мед.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога бурата долго траеше, и кога целото брдо завиваше со денови и денови, ѝ се нафрлав на теглата шеќер, со црпка или со раце, тоа ми беше утеха, жолтиот, небет-шеќерот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
(Таа, на пр., еднаш влезе во самопослуга, зема извесен број работи, се обиде да излезе со нив без да плати, беше запрена, и кога ѝ беше наброено сѐ што украла, ја врати секоја наброена работа, излезе, помина од другата страна на улицата, седна на тротоарот и изеде полна тегла путер од кикирики што помина покрај помошникот во самопослугата).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А кутрите Евреи, најчесто, велиш, своите скапоцености ги клаваа во ѕидовите, во тегли?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еколозите и биолозите во подготвени шишенца и теглички од Маркова Река собираа материјали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А Ване излезе со теглата в раце, барајќи го првиот камен на кој место да се сопне ќе ја скрши на парчиња, не само невидливи туку и такви што не сакаше да ги види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мислам дека кај неа границата помеѓу сонот и јавето во тие последни денови многу тешко можеше да се разлачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако си ја исрка теглата со слатко од бели цреши, зашеќерено или не тоа си знаеја тој и братучедата, младиот Курназ му се сврте на Ване: - А ти, Двојаков број два, од каде и каде?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доаѓаше со своето мало торбиче, во кое беше нејзината ноќница, нејзиното шише со лимонска тоалетна вода од која никогаш не се разделуваше, доаѓаше со чоколади за децата, со тегла ајвар или слатко, што ги беше подготвила сама, таа есен, и со книга од Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лена била зачудена кога видела како е средено таму: полица до полица, па тегли, па шишиња масло, па билнак ракија, па фрижидер за длабоко замрзнување полн со јунешко, па обичен фрижидер, па киселина винска, па цело вреќе сол, пипер, шеќер, дури и мелен црн пипер.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Синдикат: Самоуправен социјалистички орган задолжен за новогодишни пакетчиња, тегли со краставички и свински полутки (овие последниве понекогаш ги даваа цели, абе златен комунизам)
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе