страница ж.

страница (ж.)

Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А на секоја страница сè нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И невообичаено за вакви случаи, тој ја запрелистува книгата полека, со видливо задоволство, и се задржува на една страница каде што е подвлечена со молив една реченица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега полн осмев го зафаќа, ја ниша главата, му го посочува на Етхем-паша местото од страницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Претседателот ја погледнува страницата ишаркана со молив, па ги преместува полиените со нечиста влага очи кон иследникот: „Што е таму?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Цела Баварија беше под снег, а на минхенската страница беше уште постудено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во една моја книга, во повеста „Испит“ на неколку страници јас опишувам една своја лага.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Вртејќи ја последната страница, во исто време почувствував неизмерно олеснување и мир.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Токму тогаш ја прелистував 23-та страница од цврстовкоричениот неделник.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И по дваесет страници писмо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој го виде наконтениот овоземен светец како да стои над страницата на албум од една непозната иднина во која сите што ги познава се поинакви, туѓи и одбивни. Не сфати јасно; сонцето повремено му удираше в очи од напукнатото огледалце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја читам последната страница од дневникот на патрицијот: „Нашите денови. Нашите ноќи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гледам во книгата и вртам непрочитана страница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оваа прагматична и дистанцирана историја како човековиот апсурд, излачува од страниците на книгите хумор, кој сите ги преплавува, нагласувајќи ги најтрагичните ситуации.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми мирно го пречека Чанга вртејќи нова страница на отворената книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК