стражарски прид.

стражарски (прид.)

И само што се крена утринската магла и малку се развидели, Цепенко, кој стоеше на стражарското место, извика: - Погледајте!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја сокрива ракијата и се враќа кон стражарското место.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Туку, наместо да расправаме такви глупости, јас имам поумен предлог: предлагам да си останам на моево стражарско место, а ти да си отидеш кај Госпоѓа Христова.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бајонетот натакнат на пушката се наклонува час напред час назад во ритамот на чекорењето, одблеснува сонцето во него и стражарското лице, зажарено од залезот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Co овие утешенија го испрати Сефедин мудурот со една патрола во конакот, а сам ги обиколи сите стражарски места, па и Расим чауша и им стави до знаење дека ноќеска ќе има нешто — добро да се држат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега треба да забидеме две опасни стражарски места за да ја фатиме Жупанската Планина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш се исправиле неколцина, меѓу првите и Онисифор Мечкојад, и му предложиле на челникот да ги определи стражарските места.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Реков, со неизбувлива лутина пошол да определи стражарски места Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека Едо беше на стражарското место на кое имаше скратено време од еден час, милиционерите уште еднаш излегоа и изведоа уште еден човек, сега некој средовечен маж со кече на главата и го однесоа, исто така во училиштето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојдоа право кај влезот во земјанката каде што Едо од своето стражарско место не можеше да ги види, но не мина многу и тие пас се вратија кон влезот во училиштето држејќи за мишки некој пристар човек со кусо шајкачно палто, во опинци и со темно-црвени чорапи шарени со црно и бело предено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Разводникот, пред да го остави му ги повтори зборовите што му беа повеќепати денеска речени додека го оставаа на секое од повеќето стражарски места: „Пукај без предупредување!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но ние навреме си се ослободивме од Сталин, си помисли и продолжи со поцврст и посигурен чекор кон малото стражарско место, кон клучарот на вратата од пеколот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште од нејзината прва недела во санаториумот, ноќната болничарка без заобиколувања ѝ предложи да спие со неа во стражарската соба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Центарот беше обезбеден со три стражарски места и со видеокамери поставени на високи метални шипки, со што во одделението за наблјудување и алармирање можеше да се забележи секоја промена и движење во пространиот двор, во паркот и надвор од оградата, во појас од десетина метри.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој целосно беше внесен во својата дејност, иако сензорните рефлектори и камерите извонредно функционираа во надгледувањето на објектот, како што тоа го правеа на свој начин и луѓето од обезбедувањето на трите стражарски места.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе