стражарно прил.

стражарно (прил.)

И еве, дојде денот: денеска Калча стражарно го спроведоа в училиште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И не се трезнеше Трајан сè додека не дојдеа од командата војници и стражарно не го спроведеа назад.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По погребот, Трајана пак стражарно го спроведоа во единицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но подоцна, кога пак Трајан ќе разбереше од некого во селото дека свадба ќе има, пак доаѓаше в село, и пак стражарно го враќаа назад.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)