стојалиште ср.

стојалиште (ср.)

Една остра морница се надигна од неговите петици и му го поколеба стојалиштето ползувајќи го сиот, а после се собра во неговите вилици и тука го склешти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според второто стојалиште, што го застапува и Соломон Маркус, се укажува на функцијата според која „звуците во поезијата и преку неа стапуваат во директна врска со човечките доживувања после симптоматските и симболичките коренсподенции помеѓу фонетските појави и вонјазички појави.“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бидејќи разликите се релациски, по признавањето на феминистичкото стојалиште, станува можно да се помести вниманието врз разликата за да се покријат разликите меѓу жените и второ разликите кај секоја жена, т.е. расцепената природа на субјектот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа што сега ќе ви го речам, значи, ќе ви го речам не во името на една “типично” француска филозофија, туку од едно стојалиште кое е мое или можеби стојалиште на мал број филозофи што ми се блиски: внатре француското подрачје на филозофијата постојат многу дисконтинуитети, ломови и конфликти.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од стојалиштето на денешните постмодернистички интерпретации на уметничките позиции, следот на тие фантазии е еден галантен но и вулгарен coup de grace.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Деконструкционистите покажуваат дека секое верување, дефиниција и цврсто стојалиште токму минуваат низ кризата од различни и арбитрарни интерпретации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега се заканува трибализмот, или мислењето од стојалиште на припадност на племето, значи, тенденција кон егоизам и волја да се дефинираме порекнувајќи го другиот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бидејќи, остарениот субверзивец токму го проживува своето последно револуционерно стојалиште.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Длабинската екологија има многу проблематични теориски стојалишта - овде ќе се задржам само на две - проблемот на картузијанскиот субјект и правото Маргина 34 11
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од стојалиште на длабинската екологија, на законите коишто ги штитат животните и природата во принцип им се приговара поради тоа што ги третираат како сопственост на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од тоа стојалиште, тие одмеруваат, според множеството кругови или според секој круг, одреден континуум, простор одреден во секој од случаите на со максимум замисливото време.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Разните деконструкциски анализи испишани последниве педесетина година нагласуваат дека не постои објективно, непристрасно стојалиште бидејќи науката е само постапно осознавање дека целокупната човечка мисла, човечкото знаење во целина, носи особен печат и ги пренесува интересите на оние што ја обликуваат. 22 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Хуманистичко стојалиште каде се негува спојот на традицијата и напредокот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знаеше брзо да излезе од трагичното стојалиште и да навлезе во комичен приказ, во виц или во тоа таканаречено „камп“ задоволство, па еднакво брзо пак да се врати во трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убавината побудува буквален, простодушен, патетично искрен копнеж, онаков копнеж што нема никаква дистанција од себе и никаква способност да се тргне настрана и да се погледне себеси критички од едно отуѓено стојалиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не треба да им ја знаеме сексуалноста; она што треба да го знаеме е нивната културна припадност, особеното стојалиште од кое го гледаат и го толкуваат филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)