стивнат прид.
стивне св.

стивнат (прид.)

Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со десната рака, иако можело да се поверува дека предава рапорт за состојбата на стивнатата околина, го придржувал фесот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Милувај, кажувај откорната штицо во моите уши шкрипни збор од стисок зад доцната есен клун твоето лице со тврда гримаса на одметнат врисок и блиску, сосем блиску во паднати лисја и стивнати птици од предзимска мисла се тркала бисер од поплака тивка стара колку слухот со воздушни уши кон ветерот со око што од себе се суши ќе одминам во ехо на чекор од чизма ти далечна, крцкава стрпи се и слушни од жлеб, клинец и чекан чука мојот призрак. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Понекоја стивната шега прошетува внимателно. Се јавува и првата насмевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)