стебло ср.

стебло (ср.)

Долгите раце ги држеше во џебовите и се потпираше на багремово стебло загледан во ретко посеаните капки по темното небесно кадифе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа беше Кузман, осумнесетгодишно момче, високо и танко како стебло, со долги млитави раце и голема глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Таму се слушаше само брмчењето на мувите и шушкањето на срповите што внимателно ги сечеа стеблата на житото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не разговаравме никогаш но јас знаев дека ги мрази моите три маслинкени стебла; ме гледаше понекогаш како првата што ме гледаше кога мислеше дека не ги сакам нејзините стебла зашто мислеше сека се тие нејзини, само нејзини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше несигурно. Под она скаменето стебло, исправено како стражар над рекичката, го стаса детето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак ... тројцата се силни млади селани, три стебла од иста шума.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред него трепери сенка на еден од двајцата и, долга како кутнато стебло, минува преку неговите нозе за да се влее во темнината како река в недогледно море.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Моите раце веќе не трепетат тие се живи и млади стебла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Три маслинки, три белостројни стебла. Добар ден, танки девојки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тагува сонцено по твоето стебло да се симне тука, крај морево да заспие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мене оваа каменеста родница ме родила и овие стебла веќе што се веднат во кората моето име го чуваат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И знам. Не ќе најдам никојпат збор за да ти кажам што си ми, колку Не ќе разберам никојпат што сум - се привиѓам човек и земја И не ќе ми одгатне никој кое е твоето и кое моето име Зашто бегај, бегај чинам Во некоја корија легни На некој камен седни На некое стебло потпри се па здогледај те, прегрни те Израсната по распаќињата вишнееш низ вековите - За твоите корени сите неба се ниски!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сети: пееше некој меѓу стеблата а златниот, леплив сок на дрвјата врело ги полнеше ноздрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во зиг-заг го прекоси големиот плоштад. Се потпре на стеблото од еден расцветан багрем, пред домот на Народната армија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако му јави стројничката дека Попставревци кандисале да ја види тој на колјата Викторија, Панде се сети како гранка од нивното стебло.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беа... и уште до пред некое време, пред да се дотркала пак в град, распорените стебла во една шума, густа и со густа смола, до оној ден кога матното невнимание му ги здроби зглобовите на прстите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе се изјазам по стеблото на лозницата на чардакот, а таа горе чека, потреперува како лист од трепетлика, по кошула, на градите грее месечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК