станбен прид.

станбен (прид.)

На еден куп отпадоци зад петнаесеттата зграда од големата станбена населба Мише и Петре забележија како нешто се движи.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Така Белчо и Џеки им станаа најсакана играчка на децата од деветтата и десеттата станбена зграда.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Веќе израсната во современ град, со широки улици и со нови станбени блокови, Пловдив, во овие јунски дни, изгледа подмладен во зеленилото на своите паркови и разновидни градини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стамбените згради, по својата форма, ќе се разликуваат од денешните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Длабоко во ноќта секретарот и градоначалникот со своите задолжени помошници дојдоа на плоштадот да им ја објават на Чанга и на другите козари одлуката за привременото сместување на луѓето и на козите во расположивите станбени капацитети во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Куќата претставува предлог за речиси незамислива симбиоза меѓу станбена зграда и природна околина.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За ова огромен придонес имаше мојата, би рекол, чудна станбена ситуација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете, во каква станбена и инаква состојба ме најде случајот со ѓонот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Станбената зграда „Победа“ беше стара, изградена во триесеттите години, или приближно тогаш, и становите се распаѓаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целата атмосфера на големиот станбен блок, богатството и пространоста на сѐ во него, непознатиот мирис на добра храна и на добар тутун, безвучните и неверојатно брзи лифтови што се лизгаа горе-долу, послугата во бели жакети што иташе наваму-натаму, сето тоа беше застрашувачко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Парсонс се фалеше дека само на станбената зграда „ Победа“ ќе бидат закачени четиристотини метри знамиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градскиот комитет за градежништво, комунално станбени работи и екологија по должина на булеварот „Јане Сандански“ - дедо, кај што се возевме кон нашата населба - веќе има засадено 5 000 садници на површина од шест хектари: липи, јавори, дабови, кедрови, украсни цреши и јаболкници, сребрени елки и околу триесет видови различни грмушки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Всушност, тоа беше почетната фаза за средување на просторот помеѓу зградите во станбената населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Затоа реши да покрене некоја станбена иницијатива, како, на пример, потпишување петиција за вградување на нов алармен систем и поправање на домофонот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
овие станбени области со ограничен пристап и класната, расната и културната исклучивост која тие ја носат со себе претставуваат директна закана за „поопштите идеи на граѓанска заедница, комшиска поврзаност и заемна поддршка“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја нема големата нива, но за тоа на тоа исто место има големи станбени згради кои го надополнуваат ликот на новиот, за разлика од некогашниот, сега непрепознатлив, Драч или Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескавоновите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лево ни останува џамијата, зад која е изградена цела населба од дво и трокатни станбени згради и малку погоре, веднаш до раскрсницата – православна црква.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК