спаија м.

спаија (м.)

— Да може да касне и спаијата, оти како шо гледате, човекот и без заби е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Спаијата земит од десет едно; тебе ќе останит девет. И тој ред му е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Расправијата околу „сноп" и со „преоек" ја прекина појавата на спаијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зулуми од спаиите и од беговите насекаде. Веќе не се трпи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште да ги нападиме и спаиите, авалеџиите, беглиџиите и сите други дерикожи, сигурно нема да не колне народот!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто тогаш се плачат нашите кајмаками, кадии, муфтии и разни спаии?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)