солидарен прид.

солидарен (прид.)

Солидарната работа на македонските народности треба да се обрне кон зачувување на целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А и самиот Чанга, како и другите козари, можеа со два прча, да ги задоволат сите кози од стадото, но тие беа солидарни со сиромашните семејства на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во земјата престојувале, една до две одбрани делегации, составени најчесто од солидарни партиски истомисленици во светот, од сталинистичките и маоистичките фракции на ултралевите комунистички партии во западните земји чиј фанатизам напати го откриваше реализиран „утопискиот рај” на комунизмот во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И албанските преродбеници, на кои се повикувате, создавајќи во туѓина, и покрај различната вера останувале солидарни и единствени во одбраната на албанскиот идентитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оваа членарина одеше во синдикалната каса, која се користеше и за солидарна помош на вработените во оваа фабрика, кога некој од нив ќе се најдеше во одредена кризна ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, таа беше солидарна и редовно ја плаќаше својата членарина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Биди солидарен кон себе. Краток е векот, моментот уште пократок.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)