собрат м.

собрат (м.)

Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислено секогаш гледаше, како илустрација на разлагањата од горниот вид, една заграда во која фигурира и неговото име, покрај имињата на уште неколку негови несреќни собраќа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И така, светот си поминува покрај мене и моите униформирани собраќа во гаражата, главно млади гитаристи, сценаристи, актери, артисти... и пар мексикански емигранти.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го чувствував како свој постар брат во животот, како собрат во неизвесната творечка одисеја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)