смешка ж.
смешка несв.

смешка (ж.)

Веднаш дедо Геро почна да им кажува смешки, а Јоне на Николчета му ја даде својата комитска спрема.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш дедо Геро му смислил: „Добро, штом сакаш смешка, смешка ќе ти кажам, туку дај да седнеме да ручаме, па нека ти биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ха, присторе дедо Најдо и додаде: - Не ќе ти е многу лошо кога до смешки ти дошло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Денес што е за подбив и смешка Со утрешна смисла в миг го озаконува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некој шегаџија пушти смешка. Избувна смеа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Воздухот небаре се загадуваше од тоа тесто на подбив и напернатост, плитки смешки и срамен кикот, наменет за врзаните и нивниот разголен пол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Онака, онака, ама и вака”, рече игуменот, кој не се лутеше лесно, зашто беше еден редок човек што знаеше дека смешките ја крепат човечката самотија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега ги претресуваа тие згоди со свои смешки и забелешки, додека гурелавите селски кученца се наттрчуваа пред нив и се грвалеа во правта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имено, јас не се снебивав да го навратувам меѓу другарите почесто зборот на моите чевли, било да се жалев, било пак - што порадо го чинев - да правев смешки за своја сметка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Свршена е работата. Стариот се смешка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отсега нема ни смешка, ни мрштење кога некој поет во песната ќе ѕида камен на камен, дури отаде сонцето и отаде месечината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Соц-фантазмагорија, духовита надреалност, утопистичка смешка, сепак разумна, директна, импулсивна, посебна.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Нужната потреба ги одделува гледачите од театарџиите особено од потребата да запрат некој театарџија на улица и да почнат да му ги изнесуваат своите желби, то ест да го убедуваат дека во театарот треба да има повеќе комедии, да не речам, смешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И со таков призвук на смешка заврши неговиот допис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)