сметање ср.

сметање (ср.)

Си го кладе кондилот в уста, се позамисли малку, и сам не знаејќи зошто, плукна на таблицата, го избриша напишаното и започна пак повторно да ја пишува зададената задача по сметање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По божиќниот распуст даскалот Бино го испраша Крстета од аз до ижица и се покажа дека овој шебек ја знае целата азбука, го испраша по сметање не само до дваесет ами и педесет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многупати учителот на часовите по сметање нѐ тераше да пресметуваме колку пати ѕвончето во годината ни штракнува од еден час до друг, или од еден одмор до друг.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но и најслабите професори клас не повторуваат, само понекогаш децата со прст им се закануваат: - Помалку топки, помалку шетање, денес сте пак слаби по историја и сметање!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
За друго Петре Даскалот и не му додеваше, но по сметање, го потпрашуваше. На пример, колку се едно и едно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре Даскалот наш тогаш нѐ учеше на сметање, а од сметањето бате Јоле бегаше како ѓаволот од први петли.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Петре- Петре,пиралче, На грамада седеше... Имам куќа сараи, Кога ојдов да видам Една крива кошара!“ - Добро- рече Петре-ама ние сметање учевме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Наместо да се бави со сметање човекот почна да врши структурални анализи на космосот од бројки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Дедо, тоа е како сметање, математика. Најмили ми се часовите по математика. Супер дедо!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Годината е 586 пред новата ера според современото сметање на времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)