смекне св.

смекне (св.)

Очите ми смекнаа, челото му се измазни и тој молбено ја погледна туѓата, износена облека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со Цанета се спријателив околу Цветници, кога уште пред да смекне снегот на Шар-планинскиот врв во градот слезе првиот летен ден прескокајќи ја пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стреите заплакаа, снегот смекна, се разводенеа. Надојдоа и се заматија потоците и реките.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тонеа благо во белината, се расплинуваа во неодредени меки полусенки, малечки и залелкани во врнежот, а тој ги испраќаше сѐ додека нивните црнки не смекнаа толку многу, како да се растворија и наеднаш веќе беа неповратно исчезнати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека во оваа шума југовината беше стасала само колку да ја смекне површината на горниот слој од тој снег, а после дошла северната ведрина и таа знаела многу добро што да стори со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кметот, по малку, пак се допре до мене и ги смекна гласот: „Добро, фино ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нејзините тажни звуци успејаа да го смекнат дури и каменото срце на сивата карпа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секоја година по едно скалило качувај се нагоре, ми вели, мрдни го газето, ми вели, и ме држи со испуканите дланки што навечер ги мачкаше со сало и со коломас за да му смекнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа тој им ги смекна срцата, смекнат и самиот толку што веќе не се лутеше кога бабите го повикуваа - „Шпион! Дојди да ми напишеш писмо за синот“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој тоа ти го кажал утрово за да си ја олесни душата или да те смекне и побарал да му донесеш леб. Добро, тоа го знам и без тебе.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прекинот со Сталина сигурно ги смекна нашите стратези на козјото прашање и на социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговиот профил под русата коса, правилен во полусенките на летната вечер, беше смекнат од сладникавите звуци на живата свирка што доаѓаше од некој неопределен правец.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лесна сенка на сомилост кон рибарот, наеднаш го измени и го смекна однесувањето на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)