склад (м.)

„Кој ги запали бензиските складови?“ Удари, удари...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети на запалените бензиски складови, на високите фонтани, на истрелите во ноќта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тековите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што ѝ е нужно време на капка алдехид да се испари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се колнеше дека лично го украл од англиските складови.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Оваа убава дама пушеше на улица, но и пушењето беше во склад со носењето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се печатат, ама голем дел од нив лежат неотворени по складовите на издавачките куќи, по рафтовите на библиотеките. Ги јадат правот и влагата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бодлер доживува слична состојба и кажува: “Нотите стануваат броеви, а ако имате и малку дарба за математика, мелодијата и звучниот склад што го слушате задржувајќи ја својата сладострасна и сетилна карактеристика, се претвора во широки аритметички операции во кои броевите раѓаат броеви и чии фази и настојувања ги следите неверојатно лесно и снаодливо, токму како изведувач”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Припадниците на споменатата вера во иднина нема да можат да бидат дополнително обременети со ниедна обична или посебна задача повеќе од католиците, и тоа во склад со својот имот и способности. (...) Објавено во Нант, во месец април во милосното лето илјада петстотини деведесет и осмо на нашето владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше некој вид склад за фрлени предмети, веројатно собиче во кое чистачките го оставаа приборот, заборавено место какво што постои во сите стари куќи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Постои потреба за простор кој овозможува слобода на движење во склад со можноста личноста да одржи рамнотежа; и потреба за друг “простор” во кој човекот би можел да ги насочи мислите на она што го работи, без пречки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Виртуелноста е состојба во којашто текстовите или говорите не се однесуваат во склад со традиционалните време/простор законитости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од сосема нормална состојба речиси неусетно прејдов во онаа другата: бев свесен; моите мисли и чувства беа во склад со таа свест и тој преод беше лесен и јасен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како ова да го пишува човек кој, ако не успеал да го воспостави таквиот склад во секојдневниот живот, секако си го поставил во редот на своите вредности и се стремел да го оствари!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ах, каков склад меѓу потребата на човекот да си поставува високи идеали и свеста дека мора да се одговори на барањата на ежедневието!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има тој човек чудесен фат, смисла за склад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Авторот имаше впечаток дека чичко Никола е градски склад на податоци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што ти не реков за мачката, за нејзиниот склад на телото, за грациозноста на движењата и за вештината, за достоинството, за продорниот поглед, за тоа дека човекот со мачката се поврзува преку чулата, дека во тој поглед тие еднакво реагираат еден кон друг, за разлика од односот на човека со кучето, каде што врската е повеќе социјална и тн.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
1. Сеприсутно око (гноса) Додека ја трошев надежта - ја ронев како суво лепче по земји на пилците ја фрлав – лишена од коњи, пци и свињи9 без можност да заминам, Госпо Нуит10 под сводот твој распнат ко Животинско Царство око на Хадит надежта додека ја губев а сенката ми се ретчеше ко магла сè додека не стана Ништо чудно и иноземно блесна Волја без сврха, чиста пречиста страотно бела и остра ко молња во мрак со боја на зрел бозел со прелив морен и густ на Хеката, кралицата на Стигите и ноќите без месечина, створени за медитација во први мугри за Служба на Речта11 - тој сонлив отсјај на светот фрлен врз скерлетен скиптар ко еликсир - сега читам во темно во далечина гледам отаде предметите небаре нема ни време ни простор меѓу мене и Другото небаре сѐ е веќе запишано или навестено небаре она кое било или ќе биде секогаш Е секаде волја-заради-волја склад и волја моќ!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК