сере (несв.)

— Мори, a серат кокошките, златна Боле. Какво растење!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никој не знае да заврши реченица, а мислите серете алтани додека зборувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Што правевме? Спиевме, мочавме, серевме... Тоа правевме кога не можевме да излеземе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не сери ти оттаму, - викна пушкомитралезецот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Никој не знаеше да чека ред. Многумина сереа крв.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зашто беше полуслеп и зашто беше толку остарен што не можеше да ги спопашка, дечиштата го тргаа за ресачката и го галатеа: Никола-серикола, врзи кучка за дирек; Никола удри, кучка сери, Никола бери!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ставаат секакви срања во хероинот во денешно време - како најчест загадувач го користат манитолот бидејќи ги има сличните особини на хероинот; манитолот е лаксатив.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ништо не ти верувам. Истите муабети, истите срања.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Пишувам срања, му се обраќам на вискито.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оној кој го користи хумусниот клозет нема страв од смртта, бидејќи нашето серење овозможува наше повторно раѓање“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Група разулавени симопати се качува на бандери, скока од балконите и дрвјата, сере и моча врз минувачите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За воспоставување на прекинатиот еколошки тек Хундертвасер размислува и подоцна, во својот текст „Култура на серењето- Свето серење“ (1979-1980).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не сум го убил белки? Срање!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми го цица прстот... Не ми го цица веќе... Срање!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Срање!, јасно дека нема ништо да научам!...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не можам веќе!... Дупката од газот ми се грчи... Серам во гаќи...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ти плачеше, со едната рака стискајќи го Навахо ќебето до градите и грабајќи по твоето бикини со другата, а јас се обидував да те успокојам со смирувачки фрази како, „Да му ебам мајката! Неверојатно срање!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Третина од сите работи што сум ги рекол или направил веројатно се банални клишеи, третина е тешко срање а третина се полни погодоци. Тоа е добар просек.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Нели гледаш?“ рече Ренди. „Што е ова срање, бе тато?! Нели гледаш? Луд ли си? Што правиш?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Срање. Можеш да ја земеш истата таблета 100 пати и таа 100 пати ќе биде различна. . . и тоа е прекрасно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе