семоќен прид.

семоќен (прид.)

Страшен и семоќен ми се стори крај шарениот глобус - како господ, господар на Земјината топка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чудна беше и семоќна пролетта во нашата градина!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само оџакот на колибата стрчеше црн, висок, како да му се противставуваше на тоа семоќно белило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Младите понекогаш мислат дека родителите се семоќни, можат да имаат сè што ќе посакаат, можат да купат сè што ќе им се допадне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот Дмитар-Пејко сепак знаел како изгледа она што другите не го гледаат и знаел дека од дебелата 'рскавичавост на животното се одбива семоќен ветар и паѓа врз нив разбиен во капки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кркорливо офкале, барале утеха, помош, капка вода или исцелителски допир на семоќна рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сме семоќни, иако сме сезнајни, и нашето знаење во случајот на комплексните, значи интересни проблеми, е практично бескорисно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овие ужасни болести што ги видов ме свртеа потполно против каков и да е Бог кој беше претпоставен како семоќен и добар.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Државата беше немоќна пред неа. Партијата беше семоќна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проникнат во универзалната генеза на јаничарството и неговите погубни механизми за иденти­те­тот на човекот, Татко стравуваше семоќниот Сталин да не стаса со Црвената армија до нас и книгите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ќе станеме семоќни, ќе немаме повеќе потреба од наука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ако е тоа во состојба целосно, тотално да се подреди, ако може да се ослободи од својот идентитет, ако може да се соедини себеси со Партијата така што самото да стане Партијата, тогаш тоа станува семоќно и бесмртно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но бидејќи во стварноста Големиот Брат не е семоќен, а Партијата не е безгрешна, постои потребата од неуморна, постојана еластичност во третирањето на фактите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посебно, Татко беше импресиониран од моќта на јагулата да се прилагодува, да се преобратува, во пресрет на семоќните уништувачки сили на патот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Огромната површина го потсетува на бескрајот што се простира не само, сега, под него, туку и во длабочините на небото и потаму, на бескрајот на космичкиот свод со кој, непоколебливо верува бен Цви, владее онаа семоќна сила што тој ја замислува како Создател.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК