семожен прид.

семожен (прид.)

Веднаш до неа лежеше накривениот школски глобус со своите меридијани што ги познавав и бев семожен над нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се бележеа семожни податоци од таа област.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ковавме семожни планови како да ги спасиме нашите кози, на чело со Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше разни семожни толкувања за татковото (не)купување коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со далечинско го палиш кандилото оболено и се крстиш пред семожниот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Семожни мисли ме обземаа, ме мачеа во трошките сон што ми преостанаа, ако не знаев дека сум ги преспал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во преостанатото време, работев во својата лабораторија во која ги собирав семожните примероци на организмите од северните води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така чекорејќи во семожни мисли, стигна пред куќи. Крај порти го чекаше Јагулица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во свеста, не престанав да пластам семожни аргументи за прелевањата на религиите, од една во друга, започнав да верувам во преобраќањата како мостови на вистините, а не како граници помеѓу нив...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имаше и француски, англиски, венецијански семејства кои влегуваа во семожни брачни и финансиски врски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бараше семожни изговори синот да ја остави на мира, оти од нејзиното семејно стебло ништо не бидува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка се растревожи, ја навасаа семожни мисли, за родата таму, за своите деца овде, за нивната иднина. Тешко можеше да се соземе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од сите страни демнат семожни етнички, верски, културни, јазични, обичајни разлики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ѓаволу волшебен, опсесијо! Опсесијо моја, време се навикнувам на тебе се навикнувам на себе па почнувам и јас, налик на владетел семожен да мислам. Да се умислувам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се тешев со семожни аргументи кои припаѓаа на други времиња и контексти, но не може да се сметаат како дипломатски парадигми!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа, впрочем, никогаш не било лесно во раскараниот и разделен Балкан со семожни граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК