семиотика ж.

семиотика (ж.)

Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првиот чекор што мора да се прифати, кон едно испитување на процесите на преведување, е дека иако јадрото на преведувањето е во лингвистичката активност, тоа посоодветно ѝ припаѓа на семиотиката, науката што ги проучува знаковните системи или структури, знаковните процеси и знаковните функции (Hawkes, Structuralism and Semiotics, London 1977).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Четворицата играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така дише граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние, најблиски по крв и месо, сме тоа: победници и поразени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четирите играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така диши граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние најблиските по крв и месо сме тоа: победници и поразени... Е така да знајш!“
„Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК