семе (ср.)

85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Го праша Трајка што направи денеска, го фрли ли сето семе или му остана за утре.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Едната маска сама да ми а оставите утре да го занеса семето и да го пренеса ралото кај што ќе речите.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се сети:тие луѓе војувале четри пати во четирите годишни времиња. напролет (а наесен?) дождовните порои ги миеле стрмните ниви од семе, од род.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А веќе за со готови пари да купат ни збор не стануваше, бидејќи новите бегови им го затреа семето на парите во Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пет крвави искри на пет зглоба и пет пцости на сувите, набабрени усни, со пет именки во црно завиткани - бог, и природа, и мајка, и смолара, и сопственото семе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се заврте, Отец Симеон и не стигна да замавне. „Курвино семе“, рече фатен во заседата на својата крв. „Курвино семе.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отпорот секогаш, уште од неговото постоење во семето на прадедовците, го влечеше кон неизвесност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо си држи во него некакви семиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ си има своја памет, свој ред, сѐ се труди да порасне, да се зачува, да остави семе, да остарее. И билка, и дрво, и животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
36. ЖЕНА МЛАДА, А ВИНО СТАРО ДА СИ ЗЕМЕШ - е, тогаш од небото ѕвездите ко крушки се берат и по земјата се расфрлаат како плодородно семе за да никнат неволи по возраст што не се мерат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и со сем земја ги полнеа своите празни стомачиња. Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не буди ги семињата длабоко што спијат во земни темнини.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги меша житниот корен со семето од макот и од езерските дланки вечерната ѕвезда ја ближи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи