себеси зам.

себеси (зам.)

Но откако дојде на себеси кутрата Неда - отвори полека очи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Силјан дошол на амварче и си го отнал црпчето, да си се потурил и ете ти го човек како што си бил дома у себеси при татко и мајка, при жена и дете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако и ние ја сакаме нашата татковина и самите себеси, тогаш и ние треба да ги претпочитаме нашите месни македонски интереси пред општобугарските, општосрпските, општогрчките.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа, најпосле, се „самоспознава“, се „наоѓа себеси“ во „субјективниот дух“, во самопознанието кај човека.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Затоа таквата логика никојпат не можеше да го замисли „самодвижењето“, туку простото механичко движење на идентични, себеси рамни ствари и категории, под влијание на надворешна „сила“ или божество.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
До Хегел развитокот се сфаќаше само како просто квалитативно или квантитативно растење или смалување, движењето како просторно преместуваше под влијание на надворешна „сила“, човечкиот ум како механичка копија и како механичко дејство или на „материјата“ или на идеите, “a priori” секоја ствар, секоја категорија само тоа што е, само рамна себеси и ништо повеќе.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
И пак почна во себеси да се бори.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— И веднаш ги фрли очите во Тода, небаре сакаше потврда на тој збор, а во себеси си помисли: „Дали не ќе ми се смеат чупињата ако го зема него дека беше армасан?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На Пецета му дојде да спрсне да бега, но брадјосаниот го џапна за рака и го седна на гуњата до себеси сѐ држејќи го со едната рака поклопен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
4. будење Тогај се ведрам полека смеј се напоено време по тебе место мов израстуваат огромни мостови што укротени води ги враќаат во своите токови Оваа населба од сон заборави на лазење штом себеси и неа ја крена на крупните рамена свои
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во нив тој многу бараше и најде само едно. Себеси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кога на себеси пак се повративме беа го однеле в двор.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со воздишка на ослободеност од мори и стеги ги заборавам, нив и себеси вчерашен меѓу нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Не одустанувате од својата игра и горди сте што имате свој медиум за да се убедите дека не сте без вредност?“ Отец Симеон зачудено ги дигна веѓите и се виде себеси во своите илјади облици, за миг испитувајќи дали овој црн тип со долги нозе му ја открива вистината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Затоа не се сфаќаше ни себеси ни тоа месо што го параше со пет ленгера и се пулеше со полумртви очи настојувајќи: „Не те пуштам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само што ги виде и проговори збор-два со Велета тој веднаш разбра кого го има пред себеси и неговото човечко, благородно срце се исполни со тага.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Што сакате? - праша таа, како да виде непознат, туѓ човек пред себеси и расеано гледа преку мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе