сврдел м.

сврдел (м.)

Нејзината вина беше остар звук, врел сврдел што ја длаби однатре.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во една есен студениот ветар со сврдел го длабеше нејакиот плитар на нашата куќа. Трипати се прекрстив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па после ќе ја сврти платицата, ќе ѝ изврти нова дупка со сврделот, ќе ја презапне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Боли пустината: те вртат сврдли, дури в срце ти посегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето печеше, дупеше како сврдел во главата. На здодевноста ѝ немаше крај.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ми чукаат инструменти од болничката ковачница: клешти и виљушки, пили и сврдли, ножици и маши, пинцети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ене, на онаа полица имаме секаков алат: метро, пила, чекан и чеканче, клешти, дури и моторцангли, сврдел, турпија, кутија со клинци и завртки од разни големини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сврделот на Партијата и на движењето им требаше како топол леб, без оглед на сите негови слабости за кои и бевме и не бевме свесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кој не го знаеше тој завалија...“, рече Никола некако нервозно, чиниш лут самиот на себеси што го спомнал Брзакот, што исчекорил од својата прикаска впуштајќи се во деликатен дел кој би можел Сврделот да го прикаже поврзан со убиството на Граматниковски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сврделот за цело време беше некоја клечка во Комитетот, но Комитетот нему му беше заштитниот знак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И, да не заборавам, џебно ноже, не чакија или кама, ами ноже на склопување, со отворач за конзерви и сврдел за тапи од шишиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа година студот како слеп патник се беше вовлекол во секој дом, особено во трошните куќички, кои уште ги имаше во центарот. Како сврдел влегуваше под праговите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мара со очи на уплашена срна гледа во растрепереното пламенче; Јана скришум брише солза; Аргир, кој има очи на риба - ококорено, студено и безбојно гледа кон излезот, чиниш некого чека-исчекува, гледа со поглед на гладно прасе, упорно, засекливо дури во мракот погледот негов пронижува ко сврдел и буди морници...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)