свети (несв.)

Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И има, има - радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш во борба гроб ти душа не зема!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А болката кога свети - тешко, тешко, тешко клети!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Светилките матно светеа, беа многу послаби од пламенот на карбитените ламби под кои уличните трговци продаваа костени, семки и ореви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та која ѕвезда толку јасно свети?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Горната усна се отвора, станува тенка; носот потемнува и се протега преку челото: на неговото место остануваат само две широки ноздри; кусите клепки се повлекуваат в месо; под нив, место очи, светат две голи полжавчиња.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во очите нема да му светат месечини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред нејзините нозе лежеше злато, истурено како куп царевка и чудно светеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе видиш утре на светлост.“ „Златото свети и в мрак.“ „Секако, свети. Ајде, викни ја Јана.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гореше Крушево и светеше како факел во ноќта. крај колјата - Тесно им стана на Карчевци, - негодуваа ресенчани, особено жените, кога научија дека Панде, најстариот син, тргнал во Охрид да одбира невеста.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се зореше веќе, а ламбите таму уште светеа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не дозволувам да го угаснеш она што свети и блеска во тебе и те прави недостижна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе се измеша, свети исто како газија - му објасни чичко Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Нафтата во ламбата гореше и чадеше. Светлоста не беше чиста, но пак поарно светеше од борина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зад Ново Село лаеја кучиња. Долу, во полето среде во пченките, светеше фенер. Некој селанец си ја поливаше пченката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А имаше толку многу слободно сонце за да им свети.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од краевите на устата му се слеваше маст, брадата му светеше измастена, но Бојан немаше време да се брише.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе