светија м.

светија (м.)

Дури почна да им заповеда на селаните кој што да работи, што сака од секого „светијата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Велаат оти забит, да гледаш на сон, тоа некај светиа ти се сонуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И светијата ќе го има во раката, пак, нека биде живо. — ја тешеше Стале со особено задоволство оти и таа работа успешно ја сврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„За која?“ - „За светата молитва“, велеше и кажуваше како еден ден се собрале сите светии: „Свети Никола зимен, Свети Мартин пролетен, Свети Илија летен, Свети Ѓорѓија есенен - и си цврцкале.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Напротив, стануваа некој вид недопирливи, светии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ќе има зборуваш на луѓето дека тие се светии дека живеат обвиткани во минијатурни ѕвезди, ќе те гледаат чудно, не верувајќи во тоа што зборуваш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Исѝ одос”, ќе се повика на солидарноста во името на Бога, ќе го заколне во споменот на Соломон, во Ерусалимскиот Храм, во Светијата на светиите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нели, мила бабо, Светиите Господови, Свети Илија и Свети Никола - ќе ни помогнат и овој пат добрината да ги наваса деветте кучки ламји?!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од Господа ли, од Богородица ли, од Светиите ли надоаѓа некаква сила?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И замисли таа да те бие по муцка, да ти пцуе мајка, сестра и жена и сите светии...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)