сведочи несв.

сведочи (несв.)

Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бесмислено е да се изедначуваат. Но, одговори малиот човек, со тесни усни, зошто тогаш јас кој во сонот присуствував на вашите гадости како (по ваши зборови) измислена, нереална личност, сега се појавувам во реална личност, сега се појавувам во она што го нарекувате вистинска реалност и сведочам против вас.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивните забрзани реченици, со голтнати зборови, сведочат за сладострасноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Моето кажување единствено сведочи дека дури и светот на најочигледната стварност е таинствен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаците, врежани во камената грамада, со текот на времето исчезнуваа, од нив се ослободуваше историјата, сведочеше минливоста.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дозна дека тврдината била населена уште од праисториското време, уште од неолитот и раното бронзено доба, четири илјади години пред новата ера, за што сведочеле остатоци од земјанки, колипки, палисади.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бев многу возбудена кога го читав овој роман, кој сведочи не само за големината на еден писател, туку и уште за една благородност, за една голема душа која малку се сретнува во нашето време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Апстиненцијата, дури и кога оргазмот е можен, исто така може да сведочи за патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
6 Секако дека таквиот одговор не е без стапица, бидејќи сведочи за тоа дека дури и поборниците и поборничките на популарната култура не веруваат дека си имаат работа со култура и општествена сила што е вредна да се земе предвид, и што е навистина способна пресудно да влијае на вистинското потврдување и зацврстување на толку опеаните идеали на расна, полова и културна трпеливост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во прилог на ова сведочи и нервозното затајување на споменатата мамутска изложба во Guggenheim со наслов „Апстракцијата на дваесеттиот век: Тотален ризик, слобода, дисциплина“. 134 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кон крајот на четириесеттите години ќе следуваат низа судски процеси и егзекуции во редовите на свештенството, што ќе доведе на крајот Енвер Хоџа, во 1967 година, да ја прогласи Албанија за прва атеистичка земја во светот за што поопстојно сведочи и книгата на Стефан Куртуа Црната книга на комунизмот. (Stéphane Courtois, Le livre noir du communisme).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе