сваќа ж.
сфаќа несв.

сваќа (ж.)

БОЖАНА: (Го свртува разговорот од опасната тема) Како е сваќата, свату?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Фалена невеста си, окутро го, не бегај од сваќава. (кон Василка).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Остави се веќе, ме посрамоти пред сваќана.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (влегува). За срамота што ме направи пред сваќана!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Шака ли е да бидеш попова сваќа? " — си мислеше Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Такви се, свату — сваќе, такви! Голи, боси, гладни, ако и кабулите — да ваќаме рака, ако не — вие живи, ние здрави, ќе си го бараме сете чарето! — им велеше Ѓуро на сите идни сватовштини и стројници што идеа да му ги бараат неговите „бендене моми".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ако не беше сваќата Севда премажена во вашето село, требаше да додевам на некој пријател.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Добро си се решила. Сестра ми и зетот велат дека нас најмногу нѐ сакаш, па дури и не ти текнува да дојдеш кај нив. А и сваќата не си ја видела од свадбата.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Многу ѝ е убаво со ќерката, зетот и сваќата. Ја прошетале кај сите сватовштини, ама таа таму седи, ваму нѐ мисли.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ниту можеше, ниту посака да се вклучи во муабетот на сваќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А сваќите? Ним пунџите со „шестици“, за жал, не им издржаа, многу жестоко се „танца“ тоа оро „Циганчица“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)